Времето денеска сончево и многу топло: Во делови од Македонија портокалово ниво на опасност

zesko_toplo_76
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува, информира УХМР.



 

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

И во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во текот на работната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во делови од земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Упрвата за хидрометеоролошки работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK