Во компанијта „СкопСтер“, која има договор за јавно приватно партнерство со македонката влада, сопственици на акции се следниве три компании: „Сервици Италија“, „Евита“ и „Делта Фарма“. Станува збор за истата „Сервици Италија“, која има вложувања во фирмата „Сани Сервице“, која што сега е под истрага во Албанија. „Евита“, пак, е фирма во сопственост на блиска роднина и соработничка на фамозниот Клодијан Алајбеу, кој е главен актер во најавена аквизиција на Клиниката „Жан Митрев“.
Фирмата, поради чиј договор за стерилизација на медицинска опрема од 2015 година деновиве се уапсени најмалку 8 функционери во Албанија, за злоупотреба и проневера на околу 100 милиона евра, е капитално поврзана со компанијата „СкопСтер“, која има договор со македонската влада за јавно приватно партнерство за формирање центар за стеризилација на медицинска опреама сместен во дел од објектот на поранешен „Мајчин дом“ во Скопје.
Како што претходно објави Плусинфо, Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција на Албанија, СПАК, издаде налози за апсење на поранешни функционери вмешани во аферата, меѓу кои и на поранешниот заменик-министер за здравство Клодијан Рјепај, обвинет за злоупотреба на службената положба, како и бизнисменот Илир Рапајн обвинет за „измама со тешки последици“ за концесијата за стерилизација. На дел од осомничените изречена им е мерка привор, на дел домашен притвор, додека на двајца секојдневно јавување во полиција.
Осомничените се товарат за злоупотреба при склучен договор за стерилизација на хируршка опрема со Јавното приватно партнерство, потпишан во декември 2015 година меѓу поранешниот министер за здравство Илир Беќај и концесионерската компанија „Сани Сервице“, со кој ѝ била нанесена економска штета на државата.
Според извештајот на Високата државна контрола, опрема вредна над 107 милиони леки (1.014.149 евра), која била купена од албанската влада, му била донирана на концесионерот бесплатно и без никаква одредба во договорот.
Сопственици на акции во „Сани Сервице“ се италијанската компанија „Сервици Италија“ (Servizi Italia), „Техносанимед“ ( Tecnosanimed0, и У.Јет (U.Jet S.r.l.), како и инвестицискиот фонд Investital LLC.
Истовремено, во компанијта „СкопСтер“, која има договор за јавно приватно партнерство со македонката влада, сопственици на акции се следниве три компании: „Сервици Италија“, „Евита“ и „Делта Фарма“. Станува збор за истата „Сервици Италија“, која има вложувања во фирмата „Сани Сервице“, која што сега е под истрага во Албанија.