Откриено кој му кажал на тројниот убиец каде се крие Низама чие убиство го зави Градачац во црно

Нермин го повлече чкрапалото ама системот ја уби
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во медиумите на БиХ се појави тврдење дека лице поврзано со убиената Низама Хеќимовиќ од Градачац му открило на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ каде се крие со бебето, пишува Аваз.



Инспекторите, наводно, стасале до роднината преку мобилниот телефон на убиецот додека ги пребарувале неговите контакти, повици и пораки. Се испоставило дека Сулејмановиќ не само на денот на масакрот туку и денови пред тоа ја барал својата невенчана поранешна сопруга. Им се јавил на сите нејзини пријатели, блиски и подалечни роднини, па дури и отишол до нивните врати, пишува Аваз.

Роднината наводно признала дека од страв ја открила локацијата на Низама.

„Братучетката знаела дека Нермин е криминалец, наркодилер и насилник и се плашела од него. Од страв му признала каде се кријат Низама и бебето. Таа горко плачејќи му рекла дека мислела Нермин имал намера да ги одведе сопругата и бебето дома и дека му е жал што ја претепал Низама и дека никогаш повеќе нема да го направи тоа. Мислела дека Низама и Сулејмановиќ ќе се помират. Не ѝ паднало на памет дека ќе ја убие“, извор близок до истрагата изјави за Република.

Вчера беше откриено дека Сулејмановиќ планирал да се ожени со друга жена во среда на 16 август и да замине во Германија да отвори таму теретана.

Оваа информација за Аваз неофицијално ја потврдија од полициски кругови. Сулејмановиќ требало да се венча во Брчко, а неговата избраничка е од германски град.

Тој, покажа истрагата, по венчавката планирал да замине во Германија.

Потсетуваме дека во својот крвав поход тој ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица, рани уште тројца, а потоа се самоуби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK