Ѓоковиќ го „збриша“ Фриц за полуфинале против Зверев во Синсинати

F3296eHWQAA2794.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новак Ѓоковиќ помина само еден час на теренот пред да стигне до 6:0/6:4 победа над Американецот Тејлор Фриц во четврт-финалето на Мастерсот во Синсинати и сега го очекува дуел со 16. носител, Александер Зверев за место во финалето.


23-кратниот гренд слем шампион беше посебно импресивен во првиот сет, освојувајќи го за само 21 минута и освојувајќи 9 од 11 поени на втор сервис на Фриц во првиот сет за вкупно три брејка. Во вториот сет, Ѓоковиќ губеше со брејк (1:3), но бргу се врати во игра за да го комплетира мечот.

„Почнав навистина силно, имав речиси совршен прв сет. Потоа бев многу лош на почетокот на вториот, но успеав да се корегирам. На овој турнир одиграв три одлични меча“, вели Ѓоковиќ, кој игра во САД по пауза од две години.

Зверев исто така немаше многу проблеми во својот меч, победувјаќи го Французинот Адријан Манарино со 6:2/6:3. Во второто полуфинале ќе се сретнат светскиот број 1, Карлос Алкараз, кој со 4:6/6:3/6:4 беше подобар од Макс Пурсел и Полјакот Хуберт Хуркач, кој со 6:1/7:6(8) го победи Алекс Попирин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK