(Видео) Пожар на грчкиот остров Закинтос им се заканува на куќите, побарана е евакуација


1692386254_pozar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска околу 20 часот избувна пожар во грчката област Акротири на Закинтос. Противпожарната служба е на терен и известува дека пожарот се’ уште не е ставен под контрола.


Пожарот избувнал во близина на станбената населба Циливи, поради што Цивилната заштита на регионот на Јонските острови побарала евакуација на таа област бидејќи куќите се загрозени, јавуваат локалните медиуми.

Воедно, Цивилна заштита ги предупредува жителите на околината да бидат подготвени за евакуацијата што следи.

На фронтот за гаснење учествуваат 19 пожарникари со 8 возила, а од воздух оперираа 5 авиони и еден хеликоптер.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK