Државниот апарат во стилот на „Генерал Јанковиќ“ се обидува да ги казни и дисциплинира Албанците како во времето на падот на комунизмот, вели Изет Меџити од Демократското движење, а во врска со фотографијата што ја објави МВР од вечајот на знамето на Голема Албанија, по кој што се трага.
„Објавија фотографија од лицето коj носеше транспарент на собирот каде гo очекуваа господинот Курти во Чаир и Тетово, и по истиот сега се трага. Изданието остава впечаток дека тие го решиле најтешкото злосторство досега, притоа игнорирајќи стотици фотографии на криминалци и фотографии од местата на злосторството каде што десетици луѓе умираат додека кријат докази и вештачење за да ги заштитат вистинските криминалци“, вели Меџити.
За време на собирот на 11 август во Тетово, кога градот го посети косовскиот премиер Албин Курти се вееше големо знаме од Голема Албанија, а видеата на кои се гледа симболот ги сподлели на социјалните мрежи и градоначалникот Билал Касами.
Настанот предизвика бурни реакции во земјата и во регионот. Реагираа и САД кои преку нивниот амбасадор во Приштина дадоа до знаење дека не ја поддржуваат идејата за Голема Албанија.