Триесет и тригодишен тетовец физички ја нападнал сопругата, на останатите членови на семејството им претал со пиштол, а бил фатен и со кокаин.
Како што објави полицијата, тој се гони за повеќе кривични дела „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство, ,,телесна повреда“ при семејно насилство и „неовластено производство и пуштање во промет на „наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Станува збор за лице со иницијали Н.С. и во моментов се наоѓа во притвор, велат од МВР.