Полицијата приведе 20-годишник со иницијали Т.И., од прилепско село затоа што го нападнал својот 51-годишен татко.
Двајцата се расправале, по што момчето со запалива течност го полеало и запалило татка си, а потоа веднаш со ќебе го изгасил огнот.
Според информациите од полицјата, таткото се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп.
Синот бил задржан во полициска станица.