(Видео) Мицевски: Прифатија услови за евроинтеграции кои значат или вечни преговори или асимилација

micevski3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

После цела година сеење на магла од страна на власта, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.


„Денес се соочија суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна. Она што Владата го нарекува свршен чин кој мора да се земе или остави, народот го смета за распродажба на националните и државните интереси и одбива да го прифати.

Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството и интегритетот на државата, но во исто време и погазување на суверенитетот, бидејќи народот е суверен, а тој во огромно мнозинство кажа не“, рече Никола Мицевски.

„Власта целиот процес го правеше исклучувајќи ја јавноста и опозицијата, а кога уследи сугестијата дека грешат, уследи ароганција и игнорирање од нивна страна. Концесиите кои ги давале и ветувањата за уставни измени во Собранието се доказ дека со државата и со националните интереси се однесуваат како да им се оставени од татковци и дедовци.

Изворот на проблемот датира од 2017-та кога потпишува Договор со Бугарија кој наместо пријателство донесе тензии и уцени. И тогаш беа предупредувани за последиците и сега ги предупредивме, ама Ковачевски и власта се тврдоглави или така сакаат да се прават.

Прифатија услови за евроинтеграции кои ги немала ниту една земја пред нас, услови кои значат или вечни преговори или асимилација. Ја внесоа со својата кусогледост државата во ќорсокак. Сите рационални сили во Македонија, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да им пружат рака за да се излезе од овој ќорсокак, но тие тоа го одбија и да биде уште пострашно ги етикетираа сите кои размислуваат поинаку од нив како антиевропски. Ширеа хистерија и поделби, но колку повеќе покажуваат очај, толку народот повеќе ќе ги казни на следните избори кои неминовно треба да се случат“, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа власт е развластена, не само заради тоа што уставните измени им удрија во ѕид, туку затоа што ја упропастија државата. Институциите се киднапирани, а СДС и ДУИ се фрлени на криминал и корупција која граѓаните ја плаќаат со своите пари, но и со своите животи.

Ова власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија, оваа власт е инфлацијата која го изеде стандардот, оваа власт е апатијата која ги брка граѓаните.

Оваа власт е проблемот, а решението се избори час поскоро и промена на власта. Уставни измени под диктат нема, ама затоа избори мора да има, бидејќи оваа власт е делегитимирана“, додаде Мицевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK