РФМ ги награди младите ракометари со еден милион денари за пласманот на СП во Хрватска


mladi-rakometari-u19-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Раководството на Ракометната федерација на Македонијa донесе одлука да ги награди кадетите со 1 милион денари за освоеното деветто место на Светското првенство во Хрватска.


„Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9. место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship MU19 во Хрватска“, стои во соопштението на РФМ.

Покрај одлуката за наградата за кадетската репрезентација, УО на РФМ донесе одлука редовното Собрание да се одржи на 2 септември со почеток од 11.30 часот во просториите на Град Скопје.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK