Вчера попладне околу 17 часот и 30 минути на улица „Павле Аврамовски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране, извести СВР Тетово.
– Тој бил пријавен од 48-годишниот Д.Р. од Охрид дека околу 15 часот во Гостивар му одзел личен предмет и избегал. При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени кокаин и нож, соопшти СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.