Од собраниската говорница, премиерот Димитар Ковачевски неколку пати повтори дека предлогот за измена на Уставот е македонски, со цел да ги убеди пратениците да гласаат. Тој како и претходните денови, посочи дека поддршка има од Берлин и Вашингтон, а никој нѐ не асимилира, загрози и нападна. Според него, зад Македонија стојат најсилните и најголемите. Ковачевски посочи дека Европа има потреба од Македонија.
„Се водевме од единствениот најдобар начин да понудиме, да ги објасниме аргументите ‘за’ и да побараме поддршка за краткото изменување на Уставот. Не изолиравме никого, не одбивме дебата. И во 1991 година и сега, влезот во ЕУ беше, е и ќе биде, најдобар државен политички процес, наш механизам да бидеме држава со сите стандарди. Тоа е со нашето членство во НАТО, што нѐ прави држава со сегашност, држава со јасна иднина“, кажа Ковачевски.
Објасни и кои се интервенциите во Уставот.
„Речиси и да нема дебата и за слични прашања во Собрание, во која секогаш постојат политички структури и поединци кои сејат страв, омраза, го преплавуваат просторот со лаги и црнила. Не заради нив, туку заради граѓаните, ќе се осврнам на конкретниот предлог. Предложените интервенции на Уставот се однесуваат единствено за додавање на делови од народи, при набројувањето на деловите од народи кои живеат во државата“, посочи премиерот.
Посочи дека предлогот не е бугарски, туку македонски.
„Бидејќи за нашата историја знаеме, преку нас знаат и тие надвор. Предлогот за дополнување на Уставот има еден мотив, тоа влез во ЕУ. Тоа што го бара и очекува огромното мнозинство граѓани во државата, ништо помалку ниту повеќе. Предлогот е наш, македоснки, според договор од 2021 година според кој ги отворивме преговорите за членство. Предлогот е направен во Скопје. Ги отфрлам лажните тези дека постои диктат од било кого за било што. Постои само нашата сегашна, а историска можност да направиме добро за државата“, додаде Ковачевски.
Според него, не може да се загрози македонскиот народи за него е тоа единствената вистина.
„Секој разумен човек знае и гледа дека предлогот нема да се одрази негативно на било кои атритбути. Уставните измени не загрозуваат идентитетско, македонско прашање. Тоа е целосно јасно на сите во државата и затоа денеска, кога ќе ги погледнете улиците на Скопје и сите улици на државата, ќе бидите дека се е мирно и граѓаните очекуваат одлука за европската иднина“, додаде тој.
Заради нас самите мора да бидеме европска држава, а патот не е ниту лесен ниту краток, посочи Ковачевски.