(Во живо) Менувањето на Уставот ставено на дневен ред, изгласан од 70 пратеници

2-Седница-бр.-123-на-Собрание-на-Р.-Северна-Македонија-Сала-„Македонија18.08.2023-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со еден час доцнење започна собраниската седница со единствена точка на дневен ред – уставни измени. Со неа раководи претседателот на Собранието, Талат Џафери. За дневниот ред гласаа 117 пратеници – од кои 47 пратеници „против“, 70 пратеници „за“, а воздржани немаше.


„Констатирам дека е усвоен предложениот дневен ред“; кажа Џафери.

Во собраниската сала, во првите редови седи премиерот Димитар Ковачевски, а таму се и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот Артан Груби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK