Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски го повтори ставот на партијата која најави дека нема да ги поддржи уставните измени.
„Ден за историја! Не за уставни измени! Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно – политички континуитет“, напиша Никола Мицевски на социјалните мрежи.