Вчера попладне околу 17.00 часот и во 18.20 часот, по преземени мерки и активности, во близина на село Плетвар и во село Ропотово, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и Полициското одделение Ропотово пронашле осум кубни метри бесправно исеченo огревно дрво, извести МВР.
– Дрвото било предадено на Јавното претпријатие „Национални шуми“ за понатамошна постапка, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.