Ед Ширан смета дека не е соодветна личност за настап на полувремето на „Супербоул“, најгледаниот спортски настан во САД.
Хитмејкерот инсистира на тоа дека свирењето на култното полувреме или „халфтајм шоу“ – со претходни изведувачи како Мајкл Џексон, Принс, Ријана, Бијонсе – е „американска работа“ што навистина не одговара на неговиот соголен стил.
Во поткастот на Енди Коен (Deep and Shallow Podcast) тој рече: „Сте ги гледале Принс, Мајкл Џексон, Кети Пери, Лејди Гага, Ријана, Бијонсе…сите овие неверојатни изведувачи – едноставно не сум тоа.“
„Нема да имам танчери на сцената. Нема да имам огномети и бла бла… Едноставно не можам, тоа не сум јас.“
„Не верувам дека некој сака да ме види како настапувам на ‘Суперболот’.“
32-годишниот музичар се пошегува дека би можел да носи светки на себе, но само како гостин.