„Во Собранието да се расправа и за бришење на одредницата „20 проценти“ која ја ограничува употребата на албанскиот јазик“, бараат Гаши, Касами и Меџити

gasi-medziti-kasami-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната прес-конференција, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши изјави дека неговата и партиите на Касами и Меџити, Движењето Беса и Демократското движење, бараат утре на седницата во Парламентот за уставни измени со цел внесување на бугарската заедница, да бидат ставени во дневниот ред и уставни измени за бришење на одредницата „20 проценти“ која ја ограничува, како што кажа, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата.



„Денес сме тука за да испратиме наши нарачки до Џафери и пратениците. Бараме од претседателот на Собранието итно да го стави на дневен ред уставниот амандман за јазикот. Бараме од него да не бега од прашањето за рамноправност на албанскиот јазик и да не бега од прашањето за кривична одговорност на државните функционери. Нашето барање делата на корумпираните функционери да не застаруваат, а на тој начин ќе се избегнат и манипулациите со обвинителствата и судовите“, изјави Гаши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK