Вчера во 18 часот на улица „Саво Тасевски“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот Б.Б., извести СВР Тетово.
– Тој се сомничи дека се заканувал и физички ја нападнал неговата 56-годишна мајка, соопшти СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот на Б.Б. ќе му биде изготвен поднесок.