Во текот на вчерашниот ден во 15.45 часот, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, Г.Н.(49) од Охрид, управувајќи мопед „сим“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.