Главниот оперативец за фудбал приво УЕФА, Звонимир Бобан ја демантираше веста дека саудиските клубови би можеле да играат во Лигата на шампионите.
Италијанскиот „Калчо е финанца“, објави дека Саудијците стапиле во контакт со УЕФА со желба нивниот шампион од сезоната 2025/26 да добие специјална покана за настап во елитното европско натпреварување.
Не требаше многу да пристигне демант од европската куќа на фудбалот.
„Тоа е луда измислица, на наводно сериозен весник од Италија. Сериозни новинари и медиуми прво ќе не прашаат дали нешто е вистина или не, не пишуваат вакви глупости. Во Лигата на шампионите и во останатите натпреварувања организирани од УЕФА ќе играат само клубови од Европа. Тоа сто пати го кажа претседателот Чеферин. Се чини дека не е лесно да се слуша и пишува вистината, но живееме во такво лудило. Поточно – некои живеат во него“, изјави Бобан.
Саудиските клубови вложуваат огромни пари во трансфери, а Кристијано Роналдо и Нејмар се само дел од имињата кои од оваа сезона се преселија во Саудиска Арабија.