Вчера попладне во 16.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 57-годишниот Ќ.Г. од село Осој, кичевско, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом во с.Осој, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин „ЦЗ“, една ловечка пушка, 67 куршуми различен калибар, направа за изработка на патрони, две кутии со метални кугли, 62 парчиња иницијални каписли, ќеса со метални сачми, ќеса со хартиени тапи и две ќеси со зрнеста материја, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.