Гвардиола за убиството на навивачот: Проблем на општеството, преголем е јазот меѓу богатите и сиромашните

23.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, зборуваше за трагедијата во Атина, кога навивач на АЕК беше убиен во напад на навивачите на Динамо Загреб и Панатинаикос.


Неговиот тим синоќа го освои Суперкупот на Европа во грчката престолнина, откако на пенали ја совлада Севилја. Во регуларното време натпреварот заврши 1:1, а по изведувањето на пенали резултатот беше 5:4.

Шпанскиот стручњак презентираше многу интересна анализа за трагичниот настан.

„Тоа е проблем на општеството, а не на фудбалот. Расизмот не е проблем на фудбалот, туку на општеството. Расизмот е насекаде, насилството е насекаде. Зошто? Затоа што јазот меѓу богатите и сиромашните е преголем. Нема средна класа која би ја балансирала ситуацијата. Нееднаквостите создаваат проблеми. Половина планета умира од глад, половина од холестерол“, рече Гвардиола.

Еден од најдобрите тренери на денешницата единственото решение го гледа во образованието.

„Она што се случи во Грција се случува и во други земји. Тоа е прашање на култура и образование. Наставниците треба да бидат подобро платени, тие што работат во здравството да бидат подобро платени, но не се. Тие што се на власт крадат и на сите им ја отежнуваат ситуацијата“, заклучи Гвардиола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK