Гутереш и министерот за надворешни работи на Кипар разговараа за кипарското прашање

kipar_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази намера повторно да вмеша во кипарскиот конфликт со цел да го реши за време на неговиот мандат, најави кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос за кипарското издание на „Катимерини“.

Гутереш, исто така, ја изразил својата подготвеност повторно да се вклучи во кипарското прашање преку назначување свој пратеник, под услов да станат јасни намерите на Турција. Ова било разговарано на средбата меѓу Комбос и Гутереш во Њујорк во последните денови од јули.


„Се очекуваше комуникација на генералниот секретар на ОН со претседателот (на Турција Реџеп Тајип) Ердоган, од кого Антонио Гутереш ми рече дека ќе побара конкретни одговори. Од ова заклучувам дека генералниот секретар е убеден во намерите на нашата земја, очекува одговори од другата страна, и затоа конкретно се сврте кон Турција за да се увери во следните чекори“, додаде Комбос.

Шефот на дипломатијата на Кипар рече дека Гутереш се двоуми околу назначување пратеник поради два проблеми: прво, намерите на турската страна кои остануваат нејасни и второ, лошиот преседан со несогласувањата што ги имаше во минатото околу мандатот на специјалните пратеници.

Кипар и териториите под контрола на Турција преговараат за границата што го дели островот на два дела. Владата на Никозија бара специјални пратеници да посредуваат во преговорите со северот на островот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK