Во несреќа што се случи во рудникот за хром во албанското гратче Булќиза тешко се повредени тројца рудари, кои се здобиле со изгореници од трет степен.
Поради сериозноста на повредите пренесени се во Тирана за поспецијализиран третман. Од првичните сознанија причина за несреќата е експлозија на гас, на 17-то ниво на рудникот.
Булќиза е погранично гратче, познато по погатите наслаги на хром, се наоѓа во близина на албанско-македонската граница, на дваесеттина километри од Дебар.