Во Полска уапсени двајца Руси – делеле пропагандни материјали за групата „Вагнер“

20230814113829_big_730x400_99
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Полска се приведени двајца Руси кои дистрибуирале пропагандни материјали за групата „Вагнер“ низ полските градови, изјави министерот за внатрешни работи Мариуш Камински.

„Агенцијата за домашна безбедност идентификуваше и приведе двајца Руси кои дистрибуираа пропагандни материјали на групата „Вагнер“ во Краков и Варшава“, напиша Камински на платформата X.  Двајцата се обвинети, меѓу другото, за шпионажа и се уапсени.


Низ улиците на Краков се појавија повеќе постери со логото на руската приватна платеничка група „Вагнер“, јавија во саботата полските медиуми. Во последните неколку недели, руските платеници од групата „Вагнер“ се појавија на границата со Белорусија, што полскиот премиер Матеуш Моравјецки го прогласи за обид за дестабилизација на источното крило на НАТО.  Полското Министерство за одбрана најави испраќање дополнителни сили на овој дел од полската граница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK