Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е задоволен од ремито во 1. коло од Премиер лигата против Челзи (1:1).
– Првите 20-25 минути беа многу добри и со и без топка, потоа имаше поништен гол. Добро се браневме. И генерално, тоа беше многу добар натпревар кој можеше да замавне во која било насока. Го прифаќаме ова реми, изјави Ван Дајк за „BBC Sport“.
Во 2. коло Ливерпул на 19 август на домашен терен ќе игра со Борнмаут, ден подоцна Челзи гостува кај Вест Хем.