– Велика Британија синоќа ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можен тероризам откако палењето на светите книги од антиисламските активисти ги налути муслиманите.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека шведските власти успешно спречиле некои планирани напади и апсења, пишуваат британските медиуми.
„Треба да бидете внимателни во овој момент. Терористите веројатно ќе се обидат да извршат напади во Шведска“, се наведува во соопштението и се додава дека целта може да бидат места што ги посетуваат странци.
Шведскиот владин советник за национална безбедност, Хенрик Ландерхолм, ја призна валидноста на изјавата на Велика Британија и повтори дека палењето на светата книга на Куранот ја загрозува безбедноста во неговата земја.