Доцна попладнево нуркачите на единицата Тигри на МВР го пронајде телото на давеникот од Штип кој претпладнево се удавил во Дојранското Езеро откако се превртел од „педалинка“.
Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за И.З. (42) од Штип, со престој во Германија.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.