Најскапите разводи во историјата на Холивуд

Најскапите разводи во историјата на Холивуд
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот љубовен состанок на Илон Маск и Грајмс бил во фабрика на „Тесла“.



Статусот на нивната врска сè уште е непознат, но како и да е, Маск направил сè за да ја импресионира Грајмс на самиот почеток.

Деловниот магнат (52) се запозна со канадската пејачка (35) во 2018 година. Грајмс, која со милијардерот има тригодишен син и 19-месечна ќерка, ги откри неговите обиди да ѝ се додворува – покажувајќи ги своите вештини во еден од своите бизниси, поточно, во погон на „Тесла“.

Според весникот „Тајмс“, таа му рекла на авторот Волтер Исаксон, кој пишува биографија за Маск: „Цела ноќ одевме по подот и го гледав како се обидува да поправа работи.“

Двојката повторно излегла следната вечер, а овој пат, милијардерот ги покрил очите додека го забрзувал автомобилот кога ја возел Грајмс до ресторан за да ја импресионира со функцијата на автопилот на возилото.

Таа се присети: „Си помислив… овој човек е луд“.

Двојката, чиј моментален статус на врска е непознат, исто така се поврзале преку „Господарот на прстените“ и историските поткасти.

„Единствениот начин да бидам во сериозна врска е ако личноста со која излегувам може да слуша еден час воена историја пред спиење,“ вели таа.

Грајмс  неодамна откри дека нивните деца, познати како X и Y, ги споделуваат татковите интереси во вселената и инженерството.

„Х знае многу за ракети. Тоа е лудо. Тој знае повеќе за ракети од мене. Моравме да престанеме да му даваме играчки, бидејќи ако не се анатомски исправни, се нервира.“

„Тој е мал инженер, сигурно. Но, неговата опсесија со вселената се граничи сo прашањето: дали е ова здраво?“

„И Y е мала инженерка. Таа сака индустриски транспорт. Многу е чудна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK