Франс Тимерманс единствен кандидат за лидер на сојузот на левицата на изборите во Холандија

timermans
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потпретседателот на Европската комисија, Холанѓанецот Франс Тимерманс е единствениот кандидат за лидер на изборниот сојуз на двете партии на левицата на вонредните општи избори во Холандија во ноември, соопштија денеска двете партии.

Тимерманс ќе го предводи сојузот на Лабуристичка партија на левиот центар, која е членка на политичката група на социјалистите и демократите С&Д во Европскиот парламент и Зелената левица, која е дел од европската политичка група Зелени/ЕФА.


Како извршен потпретседател на Комисијата, Тимерманс е задолжен за Европскиот зелен договор и климатската акција, а од 2012 до 2014 година беше шеф на холандската дипломатија.

Неговото официјално назначување за лидер на коалицијата се очекува на 22 август, по изјаснувањето на членовите на двете партии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK