Џорџа Мелони во пародија на „Барби“

meloni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони и вицепремиерот Матео Салвини се во главни улоги во нова „дипфејк“ пародија на филмот „Барби“.

Во кусото хит-видео што трае помалку од две минути, Мелони е „Барбиката“, а Салвини е Кен. Се појавуваат и други политички фигури од Апенинскиот Полуостров. Разговорот е преземен од филмот.


Видеото е направено со помош на вештачка интелигенција и „дипфејк“ видеомонтажа со замена на лица. Оваа пародија е дело на група „Ова не е ВИ“ (Ceci n’est pas une AI), активна од оваа 2023 година и којашто ветува уште поголема креативност во идните видеомонтажи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK