Во Скопје 261 казнет возач, 74 за брзо возење

radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територија на Град Скопје во сообраќајните контроли вчера се изречени вкупно 261 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

МВР денеска информира дека се изречени девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за возење под дејство на алкохол…


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK