Општина Дебар информираше дека утре, од 18 часот, до 6 часот наутро следниот ден, ќе се реализира второто програмско запрашување против комарци на подрачјето на општината.
– Тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа против епидемиска мерка, додаваат од општината.
Запрашувањето со апарат за УЛВ ладно запрашување ќе го вршат екипи на друштвото за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци, кои ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.
Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата. Се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, наведуваат од општината.
Посочуваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.