Казнети 203 возачи во Скопје, 80 за брзо возење

brzina_radar_stop_34544
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територија на градот Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на контролите во областа на сообраќајот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, изечени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и пет мерки за возење без возачка дозвола, 10 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за некористење сигурносен појас и четири санкции за возење под дејство на алкохол.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР со апел за почитување на сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK