Во Велес градежни работници пронашле артилериска граната

mina minofrlach
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Велес градежни работници вчера околу 13 часот  пронашле експлозивна направа и веднаш ги известиле надлежните.

Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Велес по дојава од градежната фирма нивна екипа излегла на терен и пронашла артилериска граната 75 милиметри.


– Гранатата била комплетна со зрно чаура и барутно полнење, а пиротехничарте успеале и ја  ја отстраниле околу 19 часот, информираат надлежните.

Лани на истата локација исто така беше пронајдена и отстранета поголема артилериска граната од 105 милиметри, информираат од ДСЗ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK