Европратеникот Флего на средба со директорот на АППТ Јаневски, потенцирана европската поддршка и социо-економската вредност на туризмот

flego
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европратеникот Валтер Флего, претставник на Renew Europe (Renew) либерална, проевропска политичка групација, денеска во Скопје имаше средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, на која била потенцирана европската поддршка и социо-економската вредност на туризмот.

Како што соопшти АТТП, на состанокот, на кој биле присутни и претставници од Заедницата на Хрвати во Северна Македонија, европратеникот Флего имаше можност да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, за стратешките планови на Агенцијата за туризам за 2024 година, за потребата од реорганизација во Национална туристичка организација и следните чекори во туризмот да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и да ги усогласат со вистинските потреби.


Флего, како што се додава во соопштението, своето долгогодишно искуство во туристичкиот развој на Истарската жупанија го сподели искуството за значењето на одржливост на дестинациите и одговорно патување, за да се зачува автентичноста на туристичките локации, но и за недостатоците на масовниот туризам.

-Европратеникот го посети Охрид, културните и историските знаменитости на градот, воодушевен е од убавината на регионот и гастрономските специјалитети. Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Северна Македонија која посредува во делот на оперативните програми и  ги спроведува во рамките на своите годишни активности, во блиска иднина ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка помеѓу Северна Македонија и Република Хрватска, стои во соопштението на АТТП. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK