Лондонската полиција уапси маж под сомнение дека нанел тешки телесни повреди откако избоден со нож едно лице во близина на Британскиот музеј во Лондон, соопштија властите.
Музејот беше евакуиран и властите посочија дека „нема ризик за јавноста“.
„Еден маж е уапсен под сомнение дека предизвикал тешки телесни повреди по изолиран инцидент на крстосницата на улиците „Грејт Расел“ и „Музеј“ околу 10 часот утринава – еден маж е пренесен во болница со убодна рана“, се вели во изјава на Скотланд Јард на социјалните мрежи.
Крстосницата се наоѓа веднаш до влезот на Британскиот музеј во центарот на Лондон.