Папазов: Дали кривичната пријава против мене е за да се релативизира пријавата од в.д директорот за откриени малверзации на вработени во училиштето

papazov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, против кого МВР поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност, во писмен одговор до јавноста нагласува дека именувањето на в.д. директорот на средното училиште го извршил по претходно објавен интерен оглас, на кој имало само еден кандидат.

Во дописот Папазов прашува дали поднесената кривична пријава против него е за да се релативизира и сокрие пријавата што ја поднел в.д. директорот во врска со откриени малверзации од страна на вработени лица во училиштето.


-Во ноември 2021 година добив писмена отставка од тогашниот директор на СОУ „Гошо Викентиев“, а на почетокот на декември истата година донесов одлука и беше објавен интерен оглас со пропишаните услови за избор на вршител на должноста директор на уличиштето. Беше поднесена една пријава од редот на вработените во училиштето и согласно пријавата донесов одлука за назначување на Спирко Златков за в.д директор. Ова е целата вистина во врска со назначувањето на директор и со обидите да се прави притисок врз работата на градоначалникот. Дали ова е обид да се релативизира и сокрие пријавата од в.д директорот уште пред шест месеци во врска со откриени малверзации од страна на вработени лица во училиштето, блиски роднини на поранешен началник и сегашен инспектор во полицијата, за што сѐ уште ништо не е превземено од страна на МВР, истакнува Папазов.

Според известувањето од МВР, грдоначалникот на Кочани заработил кривична пријава затоа што четири пати го именувал истото лице за в.д директор на училиштето, иако знаел дека тоа не го положило испитот за директор во законски утврдениот рок

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK