Од 19 до 27 август првото издание на „Ohrid water festival“

ohrid water festival
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Промоција на градот Охрид, збогатување на туристичката понуда, потоа афирмација на спортовите на вода и заштита на животната средина се главните цели на Фестивалот на водени спортови „Ohrid water festival“ што за првпат оваа година ќе се одржува во периодот од 19 до 27 август во Охрид.

Во рамки на манифестацијата во делот одвоен за споротовите предвидени се 17 спортски содржини, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август. Повеќе од половината од спортовите опфатени во рамки на Фестивалот се олимписки дисциплини, но и веслачка, кајакарска и едриличарска регата, трка со кајчиња, водени лудории, подводни активности.


– Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Тој појасни дека манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода, со цел да се допре и до најмладата популација, преку промоција на позитивните аспекти на водените спортови, со цел зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот.

Во рамки на Фестивалот на 23 август ќе се одржи панел-дискусија на која покрај за спорот, ќе се говори за заштитата на животната средина и промоцијата на туризмот преку одржлив развој.

Пред медиумите покрај програмата на манифестацијата беше промовирана и  веб-страницата на фестивалот: ohridwaterfestival.mk.

Манифестацијата „Ohrid water festival“ ќе биде заокружена на 27 август со второто издание на акватлонот на Охридското Езеро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK