Директорот на БЈБ Сашо Тасевски во посета на ОВР Гостивар

saso tasevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откривачката дејност на дела поврзани со шверц на дрога во Полошко е зголемана на речиси педесет проценти, оцени денеска директорот Сашо Тасевски и стратешката група при Бирото за јавна безбедност (БЈБ), по работната посета на СВР Тетово – ОВР Гостивар.

Директорот на БЈБ Тасевски оствари посета на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и ОВР Гостивар и се запозна со реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“.


Раководството на СВР Тетово го информирало Тасевски дека безбедносната состојба на подрачјето е поволна и на задоволително ниво, кога станува збор за криминалитетот.

– Во текот на првото полугодие од 2023 на целото подрачје на СВР Тетово криминалитетот бележи намалување за пет проценти, исто како и на делата од класичниот криминал, споредбено со истиот период претходната година, а за одбележување е што севкупната откривачка дејност на полицијата од овој сектор изнесува 78 проценти, наведуваат од МВР.

Тасевски беше информиран дека во првите шест месеци од оваа година овој сектор за внатрешни работи може да се пофали и со зголемување на откривачката функција за 48 проценти компаративно со истиот период лани во справувањето со „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

За време на посетата на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај е потенцирано дека позитивни трендови се евидентирани и во сообраќајот, особено имајќи предвид дека во изминатите шест месеци од годинава на тетовските простори не се регистрирани човечки жртви, наспроти две во истиот период лани, а намалени се и бројките на лице кои се здобиле со тешки или телесни повреди.

– Ова во прв ред е резултат на бројните превентивни и контролни активности од типот на редовни, акциски и други контроли, кои ефектуираат со конкретни позитивни поместувања, а што претставува обврска повеќе и во наредните месеци да се продолжи со несмалено темпо и интензитет, посочуваат од МВР

Заклучно со јуни, СВР Тетово реализираше и седум превентивно-едукативни проекти, 13 превентивни кампањи и над дваесетина други тековни превентивни активности, чиј иницијатор и носител беше Отсекот за превенција, во соработка со локалните самоуправи од подрачјето и ОБСЕ. Со превентивните активности во најголем број беа опфатени ученици од основните и средните училишта на тетовско-гостиварското подрачје, како и детски градинки, а свое место во нив имаа и советодавните групи на граѓани во урбаните и руралните средини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK