Санкционирани 164 непрописно паркирани возила на територијата на Oпштина Центар

centar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопјe во текот на една седмица санкционираа 164 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 31 јули до 6 август со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 83 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK