Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера казнети се 206 возачи.
Од нив, информираа денеска од МВР, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.