Спасовски: Намален криминалитетот во првите шест месеци од годинава

krim
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи денеска информира дека има намалување на криминалитетот во првите шест месеци од годинава за 12,9 проценти во споредба со истиот период лани.

– Безбедносната состојба е генерално стабилна на целата територија, без регистрирани инциденти од поширок размер, при што стапката на вкупниот криминалитет изнесува 536 пресметано на 100.000 жители и истата е намалена во споредба со истиот период од минатата година кога изнесуваше 615,4, стои во објавата на „Фејсбук“.


Во овој период регистрирани се 9.844 кривични дела во споредба со лани кога биле регистрирани 11.304 кривични дела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK