– Локалното Собрание на млади на општина Кавадарци, распиша Јавен повик за избор на членови на кавадаречкиот Локален младински Совет.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев појаснуваат дека овој јавен повик е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други форми на младинско организирање и здружување, што не мора да бидат регистрирани во општината, но исполнуваат одредени критериуми. Да имаат активности на територијата на општината, да се основани и активни најмалку една година пред отварањето на овој повик, а предложените кандидатки и кандидати да се жители на општината и да се на возраст од 15 до 29 години.
– Кандидатите за членови во Локалниот младински Совет имаат право на кратка презентација на својата програма пред членовите на Собранието, по што следува постапка на гласање. Собранието на млади избира членови на Локалниот младински Совет по пат на непосредни избори со тајно гласање, во кое право на глас имаат делегатите од Локалното Собрание на млади. За избрани членови на Локалниот младински Совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати. Членовите на Локалниот младинки Совет се верификуваат од страна на Советот на Општина Кавадарци, по добиена одлука за избор, а од нив, се избираат претседател и заменик- претседател, пишува, меѓу другото, во јавниот повик.
Рокот на пријавување е до 14 август 2023 година.