– Лос Анџелес лејкерс ќе потпишат долгорочен договор со Ентони Дејвис, објави НБА-инсајдерот Адријан Војнаровски.
Според него, страните ќе потпишат тригодишен договор вреден 186 милиони долари. Според актуелниот договор, играчот има уште две сезони. Продолжувањето ќе се активира од 2025 година.
Триесетгодишниот Дејвис е во Лејкерс од сезоната 2019-2020. Во основниот дел од минатата сезона во НБА, тој имаше просек од 25,9 поени, 12,5 скока, 2,6 асистенции, 1,1 украдена топка и 2,0 блокади за 34 минути игра.