– Министерството за внатрешни работи на Србија синоќа соопшти дека со оглед на невремето во регионот, ги презема сите неопходни мерки со цел заштита од последиците од обилните врнежи, како и на населението и имотот.
-Вршителот на должноста помошник министер и началник на Секторот за вонредни состојби при Министерството Лука Чаушиќ, упати наредба за преземање превентивни и оперативни мерки преку сите 27 организациски единици во Србија, се вели во соопштението на МВР.
Наредбата за преземање превентивни и оперативни мерки е испратена до градоначалниците, претседателите на општините, како и раководителите на административните области, се со цел да се спречат и отстранат последиците од временските непогоди и да се заштитат животите на луѓето, материјалните и културните добра.
Најмалку три лица загинаа како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија.