Единицата за економски и компјутрски криминал поднесе кривична пријава против шеесет и двегодишниот скопјанец Ж.М. за „згрозување на животната средина и природата со отпад“, соопшти МВР.
При извршена контрола од страна на полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекториат за животна средина, бил затекнат како неовластено тргува со отпад на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба за секундарни суровини во населба Радишани, Општина Бутел.
Притоа било утврдено дека лицето не е регистрирано во Централниот регистар. Исто така не поседувал дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува согласно со Законот за управување со отпад.