Шпанската полиција уапси мажи кои украле торби со накит и осум милиони евра

украден накит
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила двајца мажи кои наводно украле рачен багаж со накит и пари од патниците на аеродромот во Барселона, во вкупна вредност од 8,5 милиони евра.

Во чантите имало часовници и накит, меѓу кои и прстен од 47 карати вреден пет милиони долари.



Каталонската полиција соопшти дека видеата од безбедносните камери на аеродромот им помогнале на истражителите да ги идентификуваат луѓето кои наводно вчера ги украле торбите.

Полицискиот инспектор Франсеск Гарсија изјави дека осомничените биле уапсени додека ја напуштале Барселона, а украдената стока, вклучувајќи скап прстен и околу 20 илјади евра во различни валути, била во багажникот на автомобилот.

Шпанските медиуми објавија дека на аеродромот биле ограбени Руси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK