Заврши реконтрукцијата на улица „Даме Груев“ во Центар

centar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Завршија реконструкцијата на улицата „Даме Груев“ од раскрсницата со улицата „Димитрие Чуповски“ до раскрсница со улицата „11ти Октомври“, која се одвиваше во две фази, соопштуваат од Град Скопје.

Тие истакнаа дека оваа сообраќајница во централното градско подрачје била во лоша состојба и континуирано била посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот.


– Со реконструкцијата на оваа фреквентна и значајна сообраќајница за граѓаните на Скопје, особено за жителите на Центар и за оние што секојдневно го возат овој потег, се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што е еден од приоритетите на градот, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Од Град Скопје соопштииа дека покрај коловозотот на улицата „Даме Груев“ биле реконструирани и пешачки патеки, биле нивелирани шахтите и сливниците и било подигнато ново градско зеленило на крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски“.

Тие нагласија дека Градот Скопје, исто така, работи и на сообраќајно решение за непрекината велосипедска патека и дополнително уредување на зеленилото по должината на целата сообраќајница, како и на трансформација на дел од трасата во нова зелена површина, и најавија продолжување на градежните активности за обнова на повеќе градски булевари и улици на повеќе локации низ сите скопски општини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK