Врховниот суд на Индија ја суспендираше пресудата за лидерот на опозицијата Ганди, осуден за клевета

gandi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот суд на Индија денеска ја суспендираше пресудата со која лидерот на опозицијата Раул Ганди беше осуден за клевета. Со тоа на Ганди му е овозможено да се врати во Парламентот и да учествува на изборите следната година.

Ганди во март беше осуден на две години затвор во март во случај што го подигна пратеник на владејачката индиска народна партија во западната држава Гуџарат поради коментарите што ги даде во 2019 година за презимето на Моди, кои беа оценети како навредливи за премиерот Нарендра Моди и други луѓе со тоа презиме.



На Ганди му беше одземено и пратеничкото место, но денешната одлука на Врховниот суд потенцијално му дозволува да се врати во Парламентот и да учествува на општите избори следната година.

Врховниот суд соопшти дека причините на првостепениот суд за изрекувањето на максималната казна од две години затвор на Ганди „немаат доволна основа“. Судот, сепак, го предупреди Ганди дека требало да биде повнимателен во своите коментари.

Тужбата за клевета против Ганди беше поднесена од пратеникот на Индиската народна партија, Пурнеш Моди, поради коментарите на Ганди за време на изборниот митинг во 2019 година. „Зошто сите овие измамници се презиваат Моди? Нирав Моди, Лалит Моди, Нарендра Моди“, изјави тогаш Ганди. Нирав Моди е пребегнат индиски дијамантски тајкун, додека Лалит Моди е поранешен лидер на индиската Премиерлига, кој беше исфрлен од првата крикет лига во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK